Падна познат дилер од Гостивар

Дваесет и шест годишен гостиварец е приведен под сомнение дека бил дел од мрежа на дилери на наркотични дроги. 

Од СВР Тетово информираат дека, вчера попладне, во домот на 26-годишниот В.З.на улицата „Слободан Пепоски“ бил извршен претрес. Под скалите на влезот од куќата, во најлонско кесе се најдени околу триесетина грама кафена прашакаста материја, неверојатно хашиш и дигитална вага, а во длабнатина на оградата од дворот најдени се околу 40 грама тревлива материја. При претресот на помошните простории била најдена и кеса со остатоци од тревлива материја, за која се препоставува дека е марихуана.

По претресот, В.З. бил приведен и задржан во полициска станица и најверојатно во текот на денот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка со соодветна кривична пријава. 

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега