Трагедија во Тетово: Син ја пронашол мајка си обесена

Педесет и шестгодишната С.С. од Тетово, вчера се самоубила со бесење во подрумските простории на семејната куќа.

Од полицијата информираат дека ја пронашол синот кој го повикал соседот, ја спуштиле на подот и повикале Брза помош, но веќе било предоцна.

Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид на местото на самоубиството и при преглед на безживотното тело на С.С, не се пронајдени траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото му е предадено на семејството за погреб

 

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега