ДЕТАЛИ: Откриено зошто било убиено момчето во Љуботен

Едно лице на возраст од 30 години вчера околу 21  часот беше убиено со автоматско оружје во селото Љуботен. Според податоците од полицијата, приведени се четири лица, а по осомничениот за убиството полицијата интензивно трага.

Според податоците, во ГОБ„Св.Наум Охридски“ - Скопје бил донесен 30-годишниот Џеваир М. од Раштански, пат при што за жал од страна на лекар била констатирана смрт. По извршениот разговор со лицата кои го пренеле веќе починатиот во болница, истите изјавиле пред полицијата дека сторител на убиството е 21-годишниот Т.Б. од Љуботен. Извршен е увид на местото на настанот при што биле пронајдени и подигнати за вештачење траги од крв и една чаура. На настанот му претходела расправија и физички напад во попладневните часови на кружниот тек во населба Бутел поради сообраќаен прекшок. Вечерта од страна на семејството бил повикан Џеваир М. со цел да ги расчистат недоразбирањата, а кога тој со својот брат, 23-годишниот А.М. пристигнал на влезот во селото, од страна на семејството на Т.Б. биле повикани да дојдат до во близина на џамијата. Откако пристигнале на местото на настанот и започнале разговор со таткото и двајцата браќа на Т.Б. истиот од нива во близина испукал еден куршум погодувајќи го Џеваир М. по што истиот починал.

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега