МВР со детали за киднапирањето на советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар

Советник во општина Центар пријавил дека бил грабнат од две лица, информира МВР.

„Потврдуваме дека Советник во О. Центар пријавил грабнување и преземаме мерки за расчистување на сличајот. Имено Советникот во Општина Центар лично во полициската станица ви Центар пријавил дека на крстосницата на улицата Васил Ѓоргов и улицата Франклин Рузвелт околу 02.00 час. додека се шетал со неколку  другари бил пресретнат од три машки лица со автомобил марка Форд Фјужн сива боја со непознати  регистерски таблици при што од страна на 2 лица биле физички нападнати, а во еден момент тој бил присилно внесен  во автомобилот, возен 5-6 минути и фотографиран“ - велат од МВР за Press24.

Нетрес веќе објави дека советникот Јордан Ристевски кој истовремено е и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар бил нападнат од активистите на СДСМ  В.С. роден 1974-та година и Д.Д. роден 1981-ва година

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега