Катче за најмалите: Ново место за радост на дечињата во Радовиш

Во Општина Радовиш денеска е пуштено во употреба десетото детско игралиште, со што, како што нагласи градоначалникот Сашко Николов, се заокружува дел од проектот „Детско катче во секое населено место”.

На локацијата од околу 400 метри квадратни поставени се различни детски реквизити и урбана опрема: коњчиња, лизгалка тобоган, лулашки и клацкалки. Просторот е оплеменет со фонтана и осветлен по најсовремени стандарди, а посебно внимание е посветено на хортикултурното уредување. Детското игралиште е оградено со потпорни и оградни ѕидови.

- Овој простор за жителите од овој дел од градот ќе биде посебно место за игра на децата и одмор и релаксација за повозрасните. Проектот е целосно финансиран од буџетот на општина Радовиш, вели Николов.

Тој додаде дека општината Радовиш продолжува со  изградба на детски катчиња, во текот на оваа година ќе бидат и изградени и пуштени во употреба во селата Раклиш, Ињево, Воиславци, Калуѓерица, Подареш, Злеово, Ораовица и Сулдурци, со што  ќе биде целосно реализиран проектот „Детско катче во секое населено место“. 

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега