Остана само пепел: Изгоре куќа во Неготино

Во пожар изгореа покрив и кат од куќа синоќа околу 20 часоти и 30 минути во Неготино. Во гаснењето интервенирале две противпожарни возила и пет пожарникари. Пламените јазици ја уништија покривната конструкција чиј таван не беше од тврд материјал туку од трска. Покривот се урнал и  уништил дел од покуќнината.

- Морам да нагласам дека имавме и тежок пристап до запалениот објект бидејќи тој се наоѓа малку подалеку од улицата која води до него, информира денеска командирот на територијалната противпожарна единица од Неготино Иле Илиев, пренесе МИА.

Се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета. 

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега