Ништо од суспензијата - Вардар сепак ќе игра против Стеауа

Светската куќа на фудбалот и официјално потврди дека македонскиот шампион Вардар ќе игра против Стеауа во 2-то квалификациско коло во ЛШ. Романскиот клуб се соочуваше со казна од елиминација поради нарушениот финансиски фер плеј во функционирањето на клубот, но истиот се спаси и ќе биде казнет со едногодушна суспензија само доколку ваквото дело го повтори во наредните пет години.  

Тоа значи дека Вардар патот во 3.квалификациско коло за ЛШ ќе го бара преку актуелниот романски шампион.

Првиот меѓусебен натпревар најверојатно ќе се одржи на 17-ти јули во Букурешт, а реваншот ќе биде за седум дена во Скопје. Стеауа има рок до 2-ри јули да го соопшти дефинитивниот термин на одигрување на дуелот.