Веднаш ставајте гориво: Од понеделник ќе ве чини 150 денари поскапо

Минатиот понеделник веќе сите горива поскапеа за 1,5 денари по литар. Во моментов на бензинските пумпи низ Македонија литар ЕУРОСУПЕР 95 се точи по цена од 69 денари за литар. Бензинот со 98 октани ЕУРОСУПЕР чини 71 денар за литар, а дизелот се продава по цена од 54,5 денари по литар   Иако силниот долар во однос на еврото ја спушта цената на нафтата на светските берзи, сепак цената на сировата нафта минатата недела достигна највисока цена од почетокот на годинава.  На Лондонската берза цената на барелот веќе скокна за 60 центи и достигна 65,69 долари со што ја има највисоката вредност од 10 декември минатата година.  Деновиве, пак како што пренесува Франс Прес американската лесна нафта поевтини на 57,14 центи додека нафтата од типот Брент на берзата во Лондон, која ја увезуваат трговците во Македонија поскапи на 65,29 долари за барел.

Токму затоа од понеделник, македонските трговци на бензини очекуваат и нови повисоки цени. Регулаторната комисија за енергетика по Првомајските празници треба да ги утврди новите цени на горивата, при што се очекува значително поскапување на бензините, според некои неофицијални извори од 3 до 5 денари за литар.  Минатиот понеделник веќе сите горива поскапеа за 1,5 денари по литар. Во моментов на бензинските пумпи низ Македонија литар ЕУРОСУПЕР 95 се точи по цена од 69 денари за литар. Бензинот со 98 октани ЕУРОСУПЕР чини 71 денар за литар, а дизелот се продава по цена од 54,5 денари по литар.  Очекувањата за новата повисока цена се темелат на фактот што во моментов цената од 65 долари за барел е значително повисока од онаа од 57,7 долари врз основа на која се формираше малопродажната цена минатиот понеделник.  Според Митко Јованов од Макоил како што деновиве се движи цената на светските берзи на нафтата и курсот на доларот во однос на еврото поскапувањата на горивата би било од 2 до 3 денари.

-Како долгогодишен трговец со нафтени деривати секојдневно ги следам состојбите на берзата. Од она што деновиве се случува со нафтата и доларот сметам дека во понеделник ќе има корекција на цената до 2,5 денари за литар, најмногу до 3 - смета Јованов. Тој посочува дека и во услови кога бензинот е скап и кога е поевтин потрошувачката на горива не осцилира, таа се движи секогаш според тоа како е планирано во семејниот буџет. 

Сепак, доколку се решите да наполните резервоар од 50 литри, по поскапувањето ќе платите 150 денари повеќе.

 

-Најчесто се точи бензин за 500 денари и така е и кога бензинот е поскап,а и зимово кога беше поевтин повторно за овој износ. Тоа е според стандардот на нашиот народ кој во просек месено одвојува од 3.000 до 5.000 денари за гориво- вели Јованов. Светските експерти исто така посочуваат главна причина за се повисоката цена на енергенсот се судирите во Јемен. Според нивните пресметки само во последните месец нафтата поскапе за 28%, а како резултат на тоа во земјава литар гориво се продава за 3 до 4 денари повеќе.  Познавачите на состојбите очекуваат во следните две години реално цената на барелот да достигне максимум до 75 долари. Според нив не се очекуваат позначителни потреси кога цената на нафтата рушеше рекорди и чинеше до 100 долари за барел.

На цената на нафтата влијаат многу фактори, а еден од нив е покриеноста на побарувачката со понудата. Тоа е така бидејќи кога се очекува зголемена потрошувачка цената расте, а кога пак се произведува повеќе отколку што му треба на пазарот, цената паѓа. Најголеми светски производители се Судиска Арабија, САД, Норвешка и Русија. Саудиска Арабија останува единствениот светски фактор кој директно може да ја контролира цената на нафтата. САД пак се најголеми потрошувачи на нафта. Американците трошат двојно повеќе отколку што произведуваат, додека на Саудијците и Русите за извоз им останува повеќе од две третини од сопственото производството.

 

 

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега