Исполнети капацитетите во Малешевијата и Пијанец за првомјскиот викенд

 
Угостителско-туристичките капацитети во Берово и Малешевијата за продолжениот првомајски викенд се полни со домашни и гости од странство.

Масовно се посетени излетничките места покрај Беровско Езеро, Абланица, Клепало, Кукута, Бела вода, Суви лаки и покрај Брегалница и падините на Малешевските планини.

Пехчевци и нивните гости од рано претпладне ги запоседнаа комерцијалните угостителски објекти во Спортско-рекреативниот и туристички центар Равна река.

Во општина Делчево празникот најмасовно се прославува на планината  Голак, во Синдикалното одморалиште, одморалиштата на неколку производствени фирми и во приватните викендици.

Во рударска Македонска Каменица најпосетени се излетничките места покрј браната Калиманци, Манастирскиот комплекс „Покров на пресвета Богородица„ кај село Цера, падините на Руен над селата Луковица, Саса, Моштица и Косевица. 

 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега