Меморијален фудбалски турнир во чест на кривопаланечките бранители

Во Крива Паланка денеска во пресрет на 7-ми мај, Денот на полицијата, со полагање цвеќе на спомен-обележјето на загинатите бранители од Општината во воениот конфликт од 2001 година и меморијален фудбалски турнир беа одбележани 14 години од нивната погибија.
 
На спомен-обележјето на бранителите од Крива Паланка, Момир Стојановски, Јане Јакимовски и Горан Стојановски, кое се наоѓа пред Полициската станица, почит им оддадоа семејствата на загинатите херои, општинска делегација предводена од градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, пратеничката во Собранието на РМ од Крива Паланка, Слаѓана Митовска, преставници од Посебната единица на полицијата, Македонскиот полициски синдикат, претставници на Министерството за внатрешни работи, членови на здружението „Херои на Македонија“.
По ова, во спортската сала „Петар Поп Арсов“ се одржа меморијален турнир во мал фудбал во организација на Полициската станица од Крива Паланка и Македонскиот полициски синдикат кој традиционално, четиринаесетта година по ред, се одржува во чест на бранителите.
 
На турнирот освен домашните екипи од Центарот за возила, Единицата за обука и поддршка, Полициската станица за гранична контрола и граничен надзор, Царинската испостава, здружението„ Горјан“ и Здравствениот дом „Димитар Арсов“ од Крива Паланка, учествуваа и екипи од Кратово и Свети Николе.
 

 

Оцени ја веста

03.05.2015 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега