Пешак загина на булеварот „Борис Трајковски"

Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Скопје се случиле 32 сообраќајни несреќи.  Во една сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот.

Сообраќајката се случила во саботата во 19 часот и 25 минути на булеварот „Борис Трајковски“ пред Уни банка во која учествувале автобус со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје и пешак, жител на Куманово. Како последица од незгодата од здобиените повреди на лице место им подлегнал пешакот.

Во четвртокот сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден пешак и двајца велосипедисти.

Се случиле и три незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак, еден возач на мопед и еден мотоциклист, а со телесни повреди еден возач на патничко моторно возило и еден сопатник.

Во петокот извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден пешак и еден велосипедист.

Случени се и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден возач на мопед, а со телесни повреди тројца сопатници.

Во саботата извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле еден возач на трактор и тројца сопатници.

Во неделата извршен е увид на вкупно три сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца пешаци и четворица сопатници.

Во текот на изминатите четири дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 56 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 40 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 11 кои возачи ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 10 возачи поминале на црвено светло, односно не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и неколку пешаци и возачи на мопеди или возачи почетници кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие четири дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 90 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа