Истрели, хеликоптери и сирени на Итната помош - каква е моменталната состојба во Куманово?
Нови истрели се слушаат утрово во Куманово. Градот го надлетуваат хеликоптери и беспилотни летала. Се уште се слушаат и сирените на итната помош, а полицијата проверува куќа по куќа во „Дивата населба“.
Министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска синоќа на прес-конференција информира дека во акцијата пет полицајци загинале, а над 30 биле повредени, како и дека дваесеттина од членовите на вооружената група и се предале на полицијата, и посочи дека се уште нема информација за загинати цивили, а не се знае ниту точниот број на загинати членови на вооружената група.
Министерката за внатрешни работи апелираше до сите политички партии и општествени чинители да бидат на висина на состојбата со која државата се соочува и да се воздржат од дополнителни провокации кои би можеле да доведат кон ескалација на состојбата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа