ЕВН: Дефектот во трафостаницата Водно-Козле е отстранет

ЕВН информира дека дефектот на трафостаницата во Козле, поради кој половина Скопје остана без струја, е отстранет.

Прекинот на електричната енергија траеше околу 50 минути, од 20 часот и 50 минути, а без струја останаа Козле, Тафталице, Карпош 1, Карпош 2, Водно и Капиштец.

Од ЕВН информираа дека имало дефект на 110 кв трафостаница, а нивните екипи веднаш излегле на терен.

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 23:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега