Минирање на Камениот мост - цел на терористите од Куманово

Терористите поделени во групи кои викендов направија хорор во Куамново,  според дел од приведените, имале задачи да вршат напади на разни објекти, цивилни и државни цели, полициски станици. Според исказите на еден од приведените една од целите била и Камениот мост во Скопје, а нападите требале да започнат од средината на овој месец.

Во Македонија почнале да влегуваат околу 7-ми мај, а дел од 30-мината приведени, при разговорите во полициска станица изјавиле дека оружјето го внесувале преку илегални премини со возила, ранци и торби. Терористите поделени во групи, според дел од приведените, имале задачи да вршат напади на разни објекти, цивилни и државни цели, полициски станици. Според исказите на еден од приведените една од целите била и Камениот мост во Скопје, а нападите требале да започнат од средината на овој месец. Инаку, дел од приведените терористи се лица припадници и поранешни команданти на ОВК, лица кои учествувале во активности против територијалниот интегритет на Република Македонија, биле вклучени во паравоени структури кои се залагаат за Голема Албанија, а биле дел и од нападот на караулата во Гошинце.

За жал, во борбите загинаа осум македонски полицајци. Нека почиваат во мир! Го дадоа животот за Македонија и спречија огромна трагедија.

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега