ФОТО: Масновна поддршка за македонските полицајци во Свети Николе

Неколку стотици граѓани од различни возрасти се собраа во Свети Николе за да искажат почит и поддршка на безбедносните сили. 

По најавениот протест од пред неколку денови, кој очигледно се обиде да го провоцира мирното население, а беше неуспешен бидејќи граѓаните не потклекнаа под провокацијата, денес Светиниколчани во огромен број покажаа што поддржуваат и во кого имаат доверба.

nikole-1

Луѓето се собраа пред спортската сала Цар Самуил и преку градскиот парк именуван според загинатиот припадник од специјалните единици на безбедносните сили во конфликтот од 2001ва година, Александар Серафимов, преку градскиот плоштад и центарот на градот, се упатија кон подрачната единица на МВР.

nikole-2

Таму беа дочекани од командирот и повеќе полициски службеници. По едноминутниот молк за почит кон загинатите во терористичкиот напад во Куманово, беше прочитан говор од млад волонтер во општината, во кој се искажа благодарност за храброста на безбедносните сили и желби за побрзо оздравување на повредените полицајци, меѓу кои има и еден Светиниколчанец, кој за среќа е во добра здравствена состојба.

nikole-3

Собраните граѓани им дадоа македонско знаме на полицајците, и им заблагодарија за заштитата и безбедноста која им ја пружаат, по што во еден глас беше испеана националната химна. 

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега