Марш за поддршка на полицијата во Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица

Пред платото на спомен домот АСНОМ, вечерва граѓаните на Делчево се собраа да изразат сочуство за семејствата на загинатите македонски полицајци во акцијата во Куманово и да ги поддржат безбедносните сили.

Собирот почна со едноминутно молчење, по што поворката со мирен и достоинствен марш од пред спомендомот АСНОМ се упати кон центарот на градот.

Предводниците на маршот на една полицајка од делчевската полициска станица и го предадоа знамето на Република Македонија..

Учесниците на маршот пред споменикот на паднатите борци од НОВ, кај што се врежани стиховите на големиот македонски поет Анте Поповски „Не смрт без слобода, не без Македонија“, се поклонија и запалија свеќи. 

Слични собири и маршеви се одржаа во Берово, Пехчево и Македонска Каменица. 

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега