Проверете какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повременo засилен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 24 до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје утре времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурата ќе достигне до 28 степени.

И во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

За време на викендот во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено поголема нестабилност ќе има во недела.

До сабота ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Температурата во овие денови ќе биде висока од 25 до 31, а УВ-индексот ќе има вредност 6. Во недела ќе има благо опаѓање на дневната температура и ќе се движи од 21 до 28, а ќе дува и северен ветер. УВ-индексот во недела ќе изнесува 5.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега