Отворени аптеки во велешките села Горно Јаболчиште и Бузалково

Во две велешки села Горно Јаболчиште и Бузалково деновиве се отворени аптеки каде ќе се издаваат лекови со рецепти на терет на ФЗОМ.

 

Како што информира Анде Марковски раководител на ФЗОМ Велес, ваква аптека која е дел од проектот рурални аптеки на Министерството за здраство и ФЗОМ наскоро ќе биде отворена и во велешкото село Мелница. Кон крајот на април ваков договр со ФЗОМ потпишале сопствениците во руралната аптека во велешко Лозово, а која беше отворена пред една година, пренесува МИА.

 

- Придобивките од отворање на овие аптеки во руралните средина има месното население, а кое сега по лекови не ќе мора да оди во град и така ќе заштеди и време и пари, потенцира Марковски.

 

Тој потсети дека отворањето на овие аптеки во селата во велешко се дел од проектот за рурални аптеки на Министерството за здравство и ФЗОМ.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега