Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат собраниската Законодавно-правна комисија и Комисијата за култура.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за Царинската тарифа и за минималната плата во Република Македонија, по скратена постапка во второ читање.

Комисијата за култура ќе одржи јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за библиотеките.

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега