Сега сме потребни - да донираме за семејствата од Куманово кои поминаа низ пекол

Црвениот крст на Република Македонија преку Општинската организација на Црвениот крст на Куманово обезбеди хуманитарна помош на 110 семејства кои се зафатени од последиците на неодамнешните немили случувања во Дива населба (урбана заедница Тоде Мендол), Куманово. Доделена е помош во храна, средства за хигиена, средства за дезинфекција, ќебиња, вода за пиење, чизми.

Состојбата будно се следи. Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош:

- Сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

- Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

- Апелираме до правните субјекти и граѓани донациите во материјаlна помош може да се обезбедат во храна, бебешка храна, средства за хигиена, средства за дезинфекција и постелнина. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток, Скопје од 08:00 до 18:00 часот во работни денови, во сабота и недела од 08:00 до 16:00 часот (контакт тел: 3096 227 ). Акцијата ќе трае до 31 мај,велат од таму.

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега