Повторно Зоран: Талер за 100.000 евра мито доби 2.5 години затвор

Поранешниот министер за надворешни работи на Словенија, Зоран Талер на крајот од јануари беше осуден на затворска казна во траење од две години и шест месеци, како и парична казна откако беше фатен од новинарите на Сандеј Тајмс како прима мито од 100.000 евра. Талер, како пратеник на Европскиот парламент беше наместен од новинарите кои му дадоа пари за тој да лобира за донесување на закон во нивна корист.

Словенечката полиција против Зоран Талер поднесла пријава, а тој кон крајот на минатата година се договорил со обвинителството.

„Формално со тој договор ја признавам вината“, изјавил Талер, кој казната од 15 илјади евра ќе ја плати во корист на Педијатриската клиника во Љубљана. Талер пет години нема да има право да се вработи во некоја јавна служба.

Вчера јавноста го виде скандалозното видео на кое лидерот на СДСМ Зоран Заев е снимен како бара мито. Сумата на Заев и на Талер е идентична, 100.000 евра. Околностите се речи си исти, односно Заев е снимен како ги бара парите, за македонското Обвинителство исто така работи на кривичен предмет. 
Ако европското законодавство по пат на спогодба доделува 2,5 години затвор за ова дело, се поставува прашањето како ќе постапи македонското.

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега