Борисов: Војската и специјалните сили подготвени за евентуално влошување на ситуацијата во Македонија

 

Бугарските војници се распоредени на границата и ги подготвуваат своите позиции, доколку не дај Боже дојде до влошување на ситуацијата во Македонија, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов во Парламентот, одговарајќи на прашање на Патриотскиот фронт за ситуацијата во Македонија и какви мерки се преземаат од бугарска страна. 

Тој истакна дека се подготвени специјални пунктови, доколку македонските граѓани со бугарски пасоши при евентуално влошување на ситуацијата одлучат да заминат за Бугарија, пренесуваат бугарските весници „Дневник“ и „Стандард“.

Борисов додаде дека според неговите информации бугарски пасоши имаат околу 90 илјади Македонци. 

Како дел од мерките кои се преземаат Борисов ги посочи и заедничките вежби на армијата и на специјалните сили од единицата за борба против тероризам при Министерството за внатрешни работи за апсење на терористи во ненаселени подрачја. 

- Со загриженост ги следиме случувањата во Македонија, истакна Борисов. 

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега