Младиот скопјанец им подлегна на повредите по тешката сообраќајка кај Тетово

Триесетишест годишниот Ј.Д. од Скопје починал изминатата ноќ околу 23.50 часот во Ургентниот центар како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа што во четвртокот околу три часот по полноќ се случи на регионалниот пат Тетово-Групчин спроти бензинската пумпа „Петрол-компани.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, во несреќата, патничкото возило „БМВ“ со скопски регистерски таблички, во кое биле Ј.Д. и З.И. (44) од Скопје, загубило контрола, излетало од патот, неколку пати се превртело и завршило во блиската нива.

Двајцата скопјани со сериозни повреди веднаш биле пренесени во тетовската клиничка болница од каде по укажаната лекарска помош биле препратени на клиниките во Скопје каде Ј.Д. ноќеска починал додека З.И. се уште се наоѓа на болничко лекување.

Согласно полицискиот увид, причина за сообраќајната несреќа била неприлагодена брзина според условите на патот. Вкупната материјална штета била проценета на околу 300.000 денари.

 

 

Оцени ја веста

17.05.2015 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега