Тешка сообраќајка во Кочани - малолетник излетал од патот и удрил во автомобил

Малолетник без возачка дозвола предизвикал сообраќајка пред влезот на Кочани, јави Канал 5.

Несреќата се случила утрово 20 минути по полноќ кога кај местото викано Тркањски мост, од засега неутврдени причини, 17-годишниот Д.В. од село Врбица кој управувал автомобил марка фолсваген поло, изгубил контрола и удрил во автомобилот марка БМВ со бугарски регистарски таблички,кој го управувал 27-годишниот Ж.П. село Бања-кочанско.

Инаку, во автомобилот заедно со малолетникот била и неговата 16-годишна сестра Б.В. која се здобила со лесни телесни повреди, додека малолетникот завршил со тешки телесни повреди, поради што е пренесен во Скопје.

најчитано сега