Трагедија: Мајка почина обидувајќи се да си го спаси синот

Мајка се удавила обидувајќи се да си го спаси шестгодишното синче. Слаѓана В. заедно со своите две деца и нивни другарчиња отишле на капење на базен во Сефелд, Австрија.

Децата одма скокнале во базенот. Наеднаш едно од нив почнало да се дави и да голта вода. Слаѓана веднаш скокнала во вода да си го спаси синчето, но за несреќа останала да лежи на дното од базенот.

Спасувачите тргнале на помош, откако децата почнале да пискаат. Го извлекле детето, па Слаѓана. За жал, таа починала, како што тврдат докторите, од срцев удар, а детенцето, по ивршен преглед, е пратено дома.

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега