Целосно изгоре ученичкиот дом во Дебар - пожарникарите спречија катастрофа

Во пожар утрово целосно изгоре Ученичкиот дом лоциран во населебата „Венец еден“ во Дебар. Пожарот во монтажниот објект избувнал околу пет часот во вториот кат, а за среќа со брзата интервенција на пожарникарите било спасено едно лице кое веднаш добило лекарска помош.

Единицата интервенирала со шест противпожарни возила и со екипата од 15 пожарникари.

Инаку, објектот веќе неколку години беше вон функција. Последните две-три години во него живееа пет семејства со вкупно 15 членови, кои го немаат обезбедено стамбеното прашање.

Објекот беше исклучен од елекртичната мрежа. Едно од семејствата било со шест деца. За среќа сите успеале навреме да го напуштат објекот.

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега