Крвава ноќ во казино во Скопје - летале ножеви

Четириесетина минути по полноќ во полициската станица Центар, 29-годишниот Д.П. од Скопје пријавил дека во текот на вчерашниот ден околу 19 часот во казиното „Адмирал" на улицата Никола Вапцаров, каде работи како обезбедување, влегле две непознати пијани лица и откако почнале да играат рулет, едното од нив побарало алкохолен пијалок, а откако келнерката не му донела направиле хаос. 

Имено, според податоците од полицијата, двете лица започнале расправија со персоналот, по што со тупаница го удриле Д.П. во пределот на главата и тилот, а потоа еден од насилниците извадил нож и почнал да се заканува со него, по што двете лица почнале да го бркаат обезбедувањето.

Д.П. бил удиран со клоци и тупаници во пределот на телото.

Полицијата работи на случајот.

 

 

Оцени ја веста

06.06.2015 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега