Бегајќи од полицијата излетал од пат и удрил во столб - детали за несреќата во велешко

 
Четиринаесет мигранти се повредени ноќеска околу полноќ откако возачот на комбето со кое се превезувале се обидел да избегне полициска патрола и возилото излетало од патот. 
 
Како што пренесува МИА, синоќа десет минути по полноќ на регионалниот пат Велес- Градско, полициски службеници забележале товарно возило марка „форд транзит“ со скопски регистерски ознаки на кое му дале светлосна и звучна сигнализација да сопре заради вршење контрола, но комбето се обидело да избега, при што во близина на Венуле излетало од патот и удрило во столб од подвозник.
 
- Веднаш по несреќата, возачот излегол од возилото и се дал во бегство, но бил фатен од полициските службеници. Во товарното возило затекнати се 14 лица- странски државјани кои имале повреди и со возило на итната медицинска помош се пренесени во Медицински центар Велес. Пронајдени се уште четири лица- странски државјани кои се наоѓале во товарното возило за време на сообраќајната несреќа, но кои го напуштиле лице местото веднаш по несреќата и се дале во бегство, велат од полицијата.
 
20-годишниот возач Д.С.  од Скопје кој го управувал товарното возило е задржан во просториите на Полициска станица Велес.
 

 

Оцени ја веста

07.06.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега