Претпладне пекол, попладне дожд - какво ќе биде времето неделава?
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне во јужните и западните делови ќе биде променливо облчано со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слад доумерен северен ветер.
Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 17 , а дневната од 25 до 32 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Ќе дува слаб доумерен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 16 степени, а дневната ќе достигне до 32 степени.
И во среда слично време. Во јужните и планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Во четврток во попладневните часови ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи.
Во петок и за време на викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа