Заев и СДСМ со контрадикторни ставови
Опозицискиот лидер Зоран Заев и неговата партија со контрадикторни ставови околу промената на имињата на училиштата „Јане Сандански" и „Цветан Димов" со имињата на „Јашар Бег Шкупи" и „Хасан Приштина" во општина Чаир по предлог на министерот за Образование и наука, Абдулаким Адеми.
Имено, по денешното соопштение од Општина Чаир за промената на називите на училиштата реагираше СДСМ, обидувајќи се повторно да издејствува политички поени притоа заборавајќи на изјавите на нивниот лидер дадени пред само неколку недели во интервју за косовската телевизија.
Во овие две училишта во Општина Чаир 100 осто од учениците се Албанци и двете нови имиња немаат ништо негативно за Македонците. Дополнително, промената на имињата е во директна надлежност на министерот за образование, а не на Владата, со што министерот сам има право да одлучува.
Она што излегува на површина со овој случај е контрадикторноста во изјавите на Заев и СДСМ. Додека Заев еден ден ветува на косовска телевиизја учење на албански јазик во градинките, основните и средните училишта, а згора над тоа и насмеан се слика во Куманово само ден по борбите на полицијата со терористите симболизирајќи го знакот на УЧК, веднаш потоа на СДСМ му пречи промена на имиња на две училишта каде 100 отсто од учениците се Албанци.
Познавачите коментираат дека со ова Заев потврдува дека меѓуетничките односи му се само памфлет за правење на лична кариера и политички профит.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа