ФОТО: На фотографијата гледате среќно семејство? - ова ќе ви го скрши срцето

Дин Брет и неговата девојка Гема Портеус добиле прекрасни близначиња. Иако на фотографијата изгледаат како среќно семејство, сепак, кријат тајна која ќе ви го распара срцето.

Имено, кога имале само 4 недели едно од женските близначиња го загубило животот. За жал, по само 4 месеци починала и младата мајка Геми која имала само 22 години.

- Никого не сум изгубил претходно. Си го изгубив и детето и саканата. Кога почина нашето дете беше многу тешко, но барем се имавме еден со друг. Сега не знам како воопшто сум жив со помислата дека ја нема и саканата, вели очајниот сопруг и татко.

Инаку, по неколку месеци од смртта на бебето, мајката отишла на лекар со силни болки во грбот, а и бил дијагностициран тумор. 

- Тешко е, многу тешко, но морам да живеам и да бидам позитивен за моето дете, вели таткото.

 

 

 

Оцени ја веста

10.06.2015 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега