ФОТО: Тешка сообраќајка на автопатот Скопје - Тетово

Седумдесет и едно годишниот Г.Џ. од тетовско Палатица е тешко повреден со сообраќајна несреќа која утринава околу 8:20 часот се случила на автопатот Скопје-Тетово.

Портаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски во изјава за Курир вели дека возачот загубил контрола над возилото, излетал од коловозот и се превртел.

Возачот, кој бил сам во автомобилот заработил тешки повреди, скршеници и фрактури на три ребра и се задржан на лекување во тетовската болница.

Полицискиот увид во присуство на јавен обвинител се уште е во тек, а според првичните информации причина за несреќата е неприлагодена брзина.

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 10:33
Фото: 
Ѕид на сообраќајниот срам

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега