Парите не можат да купат љубов: Богаташ барал невина и слатка жена

Кинески богаташ барал невина и слатка жена преку агенција, а кога не му нашле ги тужел и добил оштета од половина милион евра.

Кинезот познат како господин Жанг, иако богат немал среќа во љубовта, па се одлучил да побара помош од агенција за запознавање. Четириесетгодишниот поставил неколку услови- да биде слатка и невина, да има помеѓу 20 и 28 години и да биде висока помеѓу 150 и 175 сантиметри.

Агенцијата, за да го задоволи, организирала кастинг на национално ниво, праќала огласи во весници, на интернет. Иако најдоа неколку жени што ги исполнуваат условите, него ниту една не му се допаднала, па одлучил агенцијата да ја тужи на суд.

Господин Жанг за услугите на агенцијата платил милион евра, а откако ја добил пресудата во негова корист, половина милион му се вратени. 

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега