Го здробиле од ќотек - кондовец преживеал хорор од поранешниот баџанак

Две засега непознати лица го нападнале дваесет и шесгодишниот Е.Р.од скопско Кондово, и со употреба на сила и закана насилно го внеле во возилото.

Ова е пријавата која стигнала до полицијата вчера попладне, а во неа се наведува дека еден од напаѓачите всушност бил поранешен баџанак на киднапираниот. 

Откако го киднапирале почнале физички да го малтретираат и да се иживуват над него, заканувајќи му се по неговиот живот. 

Кратко подоцна го оставиле во село Глумово каде му се заканиле уште еднаш по неговиот и животот на неговото семејство, по што го напуштиле местото. 

 

По превземени мерки Г.Р. е пронајден и приведен со истиот е извршен разговор се работи на утврдување на идентитетот и на останатите две лица како и  целосно расчистување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега