Најдобрите 8 ученици од Кочани на бесплатно летување во Хрватска
Со одлука на општина Кочани и градоначалникот Ратко Димитровски, најдобрите осум ученици на генерацијата од Кочани ќе заминат на седумдневен одмор во одморалиште во Паг, како соработка на Кочани со збратимениот град Крижевци од Република Хрватска.
- Ваквата награда е резултат на повеќегодишната соработка на нашата општина со општина Крижевци како збратимена општина. Најдобрите осум ученици на генерацијата ќе поминат седум дена во одморалиштето во Паг и тоа од 6. до 13 јули. На одмор ќе заминат петмина ученици од основните училишта, еден ученик од Основното музичко училиште и двајца ученици од двете средни училишта, изјави Голубинка Георгиева, раководител на општествени дејности во општина Кочани.
Покрај бесплатното летување, најдобрите ученици на генерацијата од Кочани како награда ќе добијат и по 6000 денари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа