ФОТО: Откриено камперско возило полно со цигари подготвени за шверц

На граничниот премин Прешево, на македонско-српската граница, ноќеска е спречен обид за криумчарење 460.800 цигари од разни брендови во вредност од 23.000 евра.

Како што соопштува српската Царинска управа, цариниците во соработка со полицијата при влез во Србија ги запленила цигарите од кои дел биле со македонски акцизни маркички, а дел биле без акцизни маркици. 

Цигарите се откриени во камперско возило со германски регистарски ознаки, управувано од германски државјанин со потекло од Босна и Херцеговина. При царинската контрола не пријавил ништо, но при детален преглед на возилото под задниот браник се пронајдени околу 20 пакети цигари, се наведува во соопштението. 

Преостанатата количина цигари била скриена во просторот под туш кабината, под патосот и под креветот во задниот дел на возилото, каде бил направен и специјален бункер наменет за криумчарење. 

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега