ФОТО: Страшна несреќа - превртен шлепер на патот Неготино-Градско

На Ѕидот на сообраќајниот срам се појавија фотографии од превртен шлепер. Според податоците на страната на Фејсбук, шлеперот од засега непознати причини се превртел на патот Неготино-Градско, пред патарина. Засега не е познато дали има повредени или жртви во страотната несреќа.

Инаку, според неофицијалните информации кои сеуште не се потврдени, најверојатно причина за превртувањето била пукната гума поради што возачот на шлеперот чиј идентитет е засега непознат, загубил контрола и се превртел.

Се очекуваат повеќе информации.

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега