Крвава тепачка во Виница - младо момче проподе сограѓанин со нож

Денеска во три часот по полноќ на улицата „Маршал Тито“ во Виница, при тепачка 22-годишниот И.Д. го прободел со нож 32-годишниот Г.Ј. при што му нанел две убодни рани во пределот на стомакот и една убодна рана во пределот на десната рака.

На повредениот му била укажана лекарска помош во Здравствен дом Виница, а потоа истиот е пренесен во Ургентен центар Скопје.

И.Д. е приведен и задржан во полициската станица во Виница.

најчитано сега