Беличанец ќе биде погребан денеска во Прилеп

Почина 41 годишниот Роберто Беличанец, кој беше познат аналитичар на медиумите, објавува Плусинфо.

Според информациите на порталот, Беличанец починал ненадејно од срцев удар. Тој беше оженет и беше татко на три деца.

Беличанец беше извршен директор на Македонскиот центар за медиуми и член на групацијата Граѓани за европска Македонија.

Роберто Беличанец беше роден на 1. фефруари 1972 година во градот Прилеп.

Тој ќе биде погребан денеска во 17 часот на гробиштата во Прилеп, пренесе Плусинфо.

ФОТО: Фактор

 

најчитано сега