Нема крај на лагите: Заев тврдеше дека не го познава Верушевски - сега вика дека бил претседател на Комисијата за безбедност на СДСМ

 

Опозицискиот лидер Зоран Заев продолжува сам да се заплеткува во своите лаги и манипулации. Ниту еден негов медиумски настап досега не помина без самиот да се фати во мрежата од сопствените лаги, па тоа беше случај и при синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ која се емитуваше на Алсат.

Имено, во еден момент додека лидерот на СДСМ говореше за случајот „Пуч“, рече дека во затвор била држена жената на претседателот на Комисијата за безбедност на СДСМ, Зоран Верушевски.

-Држат жена, на претседател на Комисијата за безбедност на СДСМ, Верушевски, рече Заев.

Истиот Заев кој сега го изјавува ова, пред само неколку месеци тврдеше дека воопшто не се познавал со Верушевски. Веројатно ниту самиот тој не знае да објасни како е можно тогаш да не се познава со Верушевски, а сега за истиот да вели дека бил претседател на Комисијата за безбедност на партијата со која раководи токму Заев.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, на прес-конференција кон крајот на јануари тврдеше дека раководството на СДСМ немало блиски контакти со Верушевски, тврдење кое се покажа како целосна лага. Имено, дека контакти имало јавноста беше запознаена многу пати досега, но Заев синоќа уште еднаш потврди дека остварувал срредби со Верушевски во неговата канцеларија во Струмица.

-Го донесе два пати Верушевски во Струмица, заради тоа што се блиски сопругите. Го донесе во општината, тоа е јавна институција. И само ме прашуваше „Добро е?“, викам „Добро е“. Тој не ни знаеше за што ние разговараме, изјави Заев вчера на Алсат.

Со ваквите изјави на Заев, покрај тоа што лидерот на СДСМ самиот ги разобличи сопствените лаги, туку покажа и дека неговиот портпарол Петре Шилегов свесно манипулирал со граѓаните со тврдењата дека раководството на партијата немало блиски контакти со Верушевски.

 Не само што Заев имал средби со Верушевски, како што самиот признава, туку и самиот тврди дека Верушевски бил претседател на Комисијата за безбедност на СДСМ, потврдувајќи дека истиот тој Верушевски за кого претходно ја убедуваше јавноста дека воопшто не го познава, всушност бил партиски фунционер на СДСМ кој раководел со партиска комисија. 

Со ова воедно се потврдуваат ставовите на експертите дека Верушевски секогаш играл на страната на СДСМ и дека постојаното толерирање од социјалдемократите говори дека Верушевски има посебни заслуги за СДСМ и дека тој практично и никогаш не престанал со снимање. 

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега