Мајка и две дечиња од Штип се затруле со храна - внимавајте каде и што јадете!

 

Мајка и две деца од Штип се затруле од храна во која имало јајца. Според Центарот за јавно здравје, нивната здравствена состојба е добра и тие се пуштени на домашно лекување.

Директорот Велик Грков апелира во текот на летниот период граѓаните да внимаваат што консумираат, а храната добро да ја обработат и да ја чуваат во фрижидер, пренесе МИА. Тој вели овошјето и зеленчукот добро да се мијат со протечна вода, храната да се подготвува термички и да се користи веднаш, а доколку не се конзумира да се стави во фрижидер и да се покрива за да се заштити од инсекти.

Инаку, топлото време го зголеми и бројот на пациенти на Одделението за Неврологија во штипската Клиничка болница. Во изминатото деноноќие се примени осум пациенти од источна Македонија со преживеани мозочни удари. Лекарите апелираат да не се излегува на сонце од 10 до 17 часот и доколку има потреба да се заштитат граѓаните со капи, очила за сонце и да консумираат повеќе вода. 

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега