ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК: Што ќе се случува од утре?
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи наместа во форма на невреме. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта особено во јужните делови од земјата.
Утринската температура од 10 до 19 степени, а дневната од 24 до 31 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со зголемена облачност и нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер.
Утринската температура до 17, а дневната ќе достигне до 28 степени.
Во четврток ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд.
Температурите ќе бидат пониски за 7 до 10 степени во споредба со денешните.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа