Познат идентитетот на жената која го загуби животот во страотната несреќа во Куманово

Познат е идентитетот на жената која вчера го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа при експлозија на автомобили во Куманово.

Се работи за Елена К. од Пробиштип која е шестата жртва на страотната сообраќајна несреќа која вчера се случи на патот Куманово - Крива Паланка.

Елена К. настрадала заедно со возачот на БМВ-то Љупчо Л. (39) и двете малолетни деца Петар Л.(6) и Јована Л.(4)

Покрај нив, во трагичната сообраќајка вчера животот го загубија и Ласте Ј.(50) и неговиот сопатник Владимир Б.(55) двајцата од Куманово.

Инаку, влажниот пат и лошото време се причина за трагедијата која вчера ја потресе македонската јавност.

најчитано сега