ЕВН најави исклучувања - каде ќе нема струја?

Без снабдување со електрична енергија денес, во различни периоди од денот ќе бидат повеќе скопски општини.

Регионалниот центар за управување со кризи по информации добиени од ЕВН Македонија АД соопшти дека во периодот од 08.00 до 11.00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. Цветан Димов лоцирани кај ОУ Тефеју (општина Чаир), од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од улиците 513, 517, 518, 529 и 532 во село Марино (општина Илинден), од 08.30 до 14.30 часот, дел од корисниците од село Љуботен (општина Бутел), од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Востаничка (општина Кисела Вода) и во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Теодосиј Синаитски (општина Карпош).

Без снабдување со електрична енергија  во периодот од 10.20 до 15.30 часот, ќе бидат и дел од корисниците од село Долно Свиларе кон џамијата (општина Сарај), од 12.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Серска и Чедомир Кантарџиев (општина Кисела Вода) и во периодот од 12.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Козле (општина Карпош).

 

 

Оцени ја веста

18.06.2015 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа