Детали за страшната сообраќајка во Куманово - две лица на Ургентен

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утрово околу 10 часот на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово. Автомобил марка „шкода“ со кумановски регистарски таблички, движејќи се по улицата во правец кон булеварот „Октомвриска Револуција“ изгубил контрола и удрил во тротоарот и делумно влетал во двор од семејна куќа.

На местото увид врши СВР Куманово. Веднаш по сообраќајната несреќа на местото на настанот излегоа две амбуланти возила на итна медицинска помош-Куманово, пренесе МИА.

- Двете лица, сопатници од автомобилот со повреди на главата и телото примени се на Одделението за хирургија, по што испратени се на една од скопските клиники, изјави дежурниот хирург Борче Божиновски.

 

 

Оцени ја веста

21.06.2015 - 12:16
Фото: 
Ѕид на сообраќајниот срам

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега