Игор Џамбазов немал инфаркт

Иако во дел од медиумите се појави информација дека познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов доживеал инфаркт, информациите до кои дојде Курир го говорат спротивното.

Имено, близок извор до актерот за Курир вели дека Џамбазов немал инфаркт туку бил хоспитализиран поради болки во долните екстремитети.

Според изворот, Џамбазов по приемот во една приватна болница бил опериран и се наоѓа во добра здравствена состојба.

Извор: Курир.мк

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега