Тајниот живот на еден геј: Ме праша дали сакам развод, но не сакав да ја напуштам

Кога неговата сопруга пред шест години дознала за неговата афера со маж била лута, а Ник сфатил дека нема смисла повеќе да ја крие вистината за својата сексуална ориентација.  Пред неколку децении, кога хомосексуалците се соочуваа со големо неодобрување, па дури и со прогони, многу мажи одлучиле да се оженат и на тој начин да ја прикријат својата сексуалност. Во модерното време, кога нивото на толеранција е многу поголемо од она пред десетици години, многумина и понатаму се одлучуваат за таков пат, пишува BBC.

Ник кој денес во своите педесетти години, е во брак со жена полни 30 години. Тој е хомосексуалец. Смета дека неговата сопруга низ годините имала сомнеж за неговата сексуалност, а потврда за тоа ѝ стигнала кога дознала за неговата афера со маж.

„Ме праша дали сакам да си заминам, да се разведеме, но јас не сакав да ја напуштам. Таа е мојата најдобра пријателка, таа ми е најважната личност во животот. Одлучивме да останеме заедно и да живееме како пријатели", рекол Ник чии најблиски пријатели и роднини не ја знаат вистината за неговата сексуалност

Ник од самиот почеток на својот брак со жена се чувствувал незадоволно, се сомневал во тоа дали направиле вистинска одлука стапувајќи во брак. Отсекогаш се чувствувал несигурно во однос на сексуалната ориентација, што со тек на годините почнало се' повеќе да го вознемирува.

Како многумина кои се нашле во оваа ситуација, Ник, инаку по професија медицински техничар, започнал со двоен живот. Од надвор тој е среќно оженет маж кој слободното време го поминува во друштво на геј пријатели.

Кога неговата сопруга пред шест години дознала за неговата афера со маж била била лута, а Ник сфатил дека нема смисла повеќе да ја крие вистината за својата сексуална ориентација. „

Работите меѓу нас не можеа да бидат подобри, се' уште ја сакам, како и таа мене, уште сме заедно иако ситуацијата можеше да биде целосно поразлична", рекол Ник и објаснил дека иако живее со неа во иста куќа, повеќе не спијат заедно. Исто така и' ветил на својата сопруга дека никогаш повеќе нема да има однос со маж.

„И понатаму се надевам дека ќе успеам да го одржам ветувањето. На некој начин одлучив да живеам во целибат", рекол Ник кој е член на здружението на хомосексуални мажи основано пред 10 години во Манчестер. Секоја година на нивните состаноци оделе се' повеќе мажи од целиот свет. Основачот на групата, Иван, вели дека мажите кои се нивни членови се оженети мажи, главно постари, кои се ожениле во 70-тите и 80-тите години кога општеството било исклучително непријателски расположено кон хомосексуалците.

Денес општеството е потолерантно, а тие имаат повеќе шанси да станат она што всушност се, без криење. Причината поради која се венчале со жени, како што вели Ник, била затоа што сакале некако да се „сместат" во општеството.

„Прво мислиш дека тоа е само фаза која ќе помине, ако ја пронајдеш вистинската жена за себе, таа ќе ти помогне да станеш вистински маж и да заборавиш на сексуалните фантазии со мажи", вели Енди, уште еден оженет маж од хомосексуална ориентација.

Иван вели дека многу мажи остануваат во брак со жени поради семејството и децата, не сакаат нивната заедница да пати поради нив. Многумина од нив биле очајни и секојдневно се бореле со себе затоа што ја немаат поддршката од најблиските, а некои паѓале во депресија.

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега