Нема да верувате: Во овој ресторан можете да јадете и без пари

Пораката што 45-годишниот Мехмет ја постави на вратата на неговиот турски ресторан во Минхен, ги воодушеви жителите на овој германски град, но и на цела Германија. 

Имено, Мехмет, кого повеќето го викаат Мемо, на вратата на ресторанот ја истакнал следнава порака: „Почитувани луѓе, ако сте гладни и немате пари, кај нас може да јадите и подоцна да платите, кога ќе имате можност за тоа. Бог да ве благослови. Никој не треба да биде гладен!“. 

Мехмет е поранешен бизнисмен од Истанбул. По два неуспешни брака и банкрот, тој станал толку сиромав што бил принуден да им ги зема парите на децата. Кога стигнал во Германија решил да отвори мал ресторан во Минхен. Пополека почнала да му се враќа желбата за живот, а работата почнала да оди по нагорна линија.

Кога финансиски зајакнал, Мемо направил нешто што ретко кој може да го стори. Имајќи предвид дека добро знае што значи да немаш ништо, решил да овозможи оброк на одложено плаќање за оние што во моментот немаат пари.

Реакциите за овој негов гест се бројни. Луѓе често доаѓаат во ресторанот и јадат, а дури подоцна плаќаат. Но, илјадници луѓе доаѓаат во ресторанот само за да му честитаат на овој негов посебен гест.

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега