ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги разбира препораките на ЕУ

Во СДСМ не ги разбираат препораките од Европската унија кои се во насока на континуирано подобрување на стандардите и функционалноста на институциите, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

- Токму во тој правец се и активностите и на Владата и на Собранието и на сите останати институции. Ако на СДСМ им сметаат активностите на државните институции во насока на исполнување на критериуми и стандарди, тогаш тоа е нивен партиски проблем, а не проблем на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата професионалните стандарди во новинарството и медиумите во Македонија ги руши фондацијата СОРОС, која со години наназад има дадено над 92 милиони евра на ваквите медиуми и новинари да водат дневно партиска агенда.

- Единствена цел на СДСМ и Зоран Заев е да се приграбат до власт без избори и без поддршка од граѓаните, плашејќи се од судот на народот, кој девет изборни циклуси им кажува не на избори, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во СДСМ се нервозни бидејќи во Македонија се спроведуваат препораките на ЕУ и што процесите одат напред, а СДСМ се од страна и, како што велат „се занимаваат единствено со нанесување на штета врз угледот на Република Македонија“

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа