Ограбена бензинска во скопско Ченто

Околу 03,40 часот утрово било пријавено дека во скопската населба Ченто, поточно на бензинската пумпа „Макпетрол“ од страна на две непознати машки лица извршено е разбојништво.

Со закана со пиштол, разбојниците, соопшти денеска МВР, од вработените го одзеле дневниот промет стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 70.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите

 

 

Оцени ја веста

08.07.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега